Епл го претстави новиот смартфон – Ајфон 5

29

Американската компанија Епл го претстави новиот смартфон – Ајфон 5. Ајфон 5 располага со нов хардвердски дизајн и екран со големина од четири инчи, како и нов софтвер, со што ќе биде компактибилен со новата генерација за брз пренос на податоци. Директорот за маркетинг на компанијата Фил Шилер истакна дека телефонот е тенок само 7,6 милиметри и полесен од Ајфон 4с, како и дека има двапати побрз процесор и динамичка антена за гласовни, дата и радио сигнали.