Американски авто гигант напушта три големи пазари

120

Американската компанија General Motors, ќе ги напушти Австралија, Нов Зеланд и Тајланд до крајот на годината бидејќи излегува од пазарите со лоши перформанси и ќе се фокусира на нови технологии, како што се автомобили со автоматско управување и електрични возила.

Најголемиот американски производител на автомобили ќе обезбеди 1,1 милијарди долари во првиот квартал, за да ги покрие трошоците за напуштање на овие пазари.
Реструктуирањето означува крај на 164-годишниот бренд Holden во Австралија, додека на Тајланд GM ја повлекува значката Chevrolet и ја продава својата фабрика на кинескиот Great Vall Motor.

Главната извршна директорка Мери Бара го носи GM до точка што ги остварува скоро сите приходи од Америка и Кина. Тоа го намалува глобалното присуство на компанијата и се насочува на технологија наместо да фрла пари на пазарите со многу предизвици.

“Честопати говорев дека ќе ја направиме вистинската работа, дури и кога е тешко, и ова е такво време. Имаме правилни стратегии за силни приноси и приоретизирање на глобалните инвестиции што ќе поттикнат раст“, вели Бара.

Фото: Pixabay