Американски старт – ап со дрон испорачува крв во медицинските центри во Руанда

47

zipline

Американската компанија Zipline, со седиште во Сан Франциско, во Руанда го лансираше сервисот за користење на дронови за испорака на крв до медицинските центри во оваа земја, со што ќе се заобиколи копнениот сообраќај, затоа што инфраструктурата на Руанда е во лоша состојба, особено во руралните делови.

Zipline во соработка со Владата на Руанда ќе испорачува до 150 вреќи со крв дневно на здравствените центри во западниот дел на Руанда. На почетокот, дроновите ќе испорачуваат само крв, но наскоро се планира испораката да се прошири и на снабдување со вакцини, медицински материјали, како и други лекови. Се планира до 2017 година, Zipline да ја прошири испораката и во источниот дел од земјата.

Дроновите можат да носат до 1,5 килограми и да поминат до 200 километри со едно полнење на батеријата. Испораката се праќа по нарачка од медицинскиот центар, а дронот испраќа СМС кога пакетот е на две минути оддалеченост. Пакетот е обезбеден со падобран за безбедно приземјување. По испораката, дронот са се враќа во базата.

Стартапот Zipline има собрано 18 милиони долари од инвеститори вклучувајќи ги Sequoia Capital, Google Ventures и коосновачот на Microsoft, Пол Ален.