Американските компании платиле повеќе од 1 милијарда долари даноци во Русија во 2023 година

Американските компании кои продолжуваат да работат во Русија платиле повеќе од 1 милијарда долари даноци на Москва во 2023 година, покажуваат податоците на Институтот за економија во Киев (КСЕ) .

Американските компании ѝ платија на Русија 1,2 милијарди долари корпоративни даноци во 2023 година, со што САД станаа најголемиот странски даночен обврзник во Русија, потег што поранешниот висок американски дипломат Мајкл Мекфол го нарече „срамен“, пишува американскиот неделник.

По руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, многу западни компании ширум светот ја напуштија Русија за да изразат морално противење на војната и да извршат економски притисок врз Москва. Сепак, многумина останаа. Истражувањето на Факултетот за менаџмент на Јеил проценува дека 123 големи американски компании сè уште работат во Русија, додека КСЕ, која вклучува и помали фирми, проценува дека има околу 328 вкупно.