Android 12 може да излезе на почетокот на октомври

41

Google минатата недела ја објави петтата бета верзија на Android 12 за нивните паметни телефони Pixel, нагласувајќи дека корисниците треба да очекуваат стабилна верзија на мобилниот оперативен систем на компанијата во следните неколку недели, а сега се појавија „гласини“ за официјалниот датум на објавување.

Имено, според внатрешниот документ на компанијата што го користи Google за да ги извести OEM (производители на оригинална опрема) партнерите, верзијата на Android Open Project Project (AOSP) на Android 12 би можела да биде објавена на 4 октомври, а според XDA Developers, тој ден обично се совпаѓа со лансирање стабилни верзии на системот за корисниците.

Главниот и одговорен уредник на XDA Developers, Мишал Рахман, сподели скриншот на внатрешниот документ на својот официјален Твитер профил.

Бидејќи стабилните Android 10 и 11 излегоа во ист ден со верзијата AOSP, се верува дека новата верзија на мобилниот оперативен систем на Google навистина ќе излезе на почетокот на октомври, кога ќе биде официјалното претставување нa Pixel 6 i Pixel 6 Pro.