Антена група стана сопственик на мнозинскиот удел во В92

63

ANTENNA_GROUP

Антена група, меѓународна медиумска корпорација и водечка групација во југоисточна Европа, го презеде мнозинскиот удел во српската национална телевизија и радио B92.

“Антена ќе го употреби своето богато искуство и докажана стручност во оваа област за дополнителен развој на медиумската куќа В92. Преземањето на оваа станица претставува понатамошно ширење во југоисточна Европа, каде моментално успешно работи во пет земји“, пишува В92.net.

Антена група е меѓународна корпорација за медиуми и забава со лидерска позициа во југоисточна Европа и оперира ширум Европа, Северна Америка и Австралија. Имаат сопствени канцеларии во Амстердам, Лондон, Атина и Њујорк, а дистрибуира содржини во над 20 земји во светот.