Американскиот старт – ап Tasso Inc осмисли апарат за безболно вадење крв без игла, кој би можел да се најде во продажба веќе следната година. Апаратот со големина на пинг – понг топче се става на кожата две минути, време за кое посебен вакуумски дел преку капиларите вшмукува потребна количина на крв, која потоа истекува во епрувета прицврстена за апаратот.
“Оваа технологија се заснова на силите кои го регулираат протокот на тенок млаз крв”, вели Бен Касавант, потпретседател и коосновач на Tasso Inc во соопштението.
Според него, површинскиот притисок доминира над гравитацијата, што овозможува крвта да остане во цевчето без разлика на положбата во која се држи апаратот.