Апикомора во Словенија: Третирање на болести и ослободување од стрес со пчели

193

pcela-na-cvet-pixabay

Фото: Pixabay

Пчеларско друштво од словенечката општина Луковица ја отвори првата природна апикомора, во којашто посетителите може да уживаат во лековитата енергија на пчелите, пишува Радио телевизија Словенија.

“Ова е нова насока во развојот на пчеларството во Словенија, бидејќи нема многу такви во светот. Тие имаат вештачко изградени апикомори, додека кошниците во форма на дрвени куќички во Словенија се традиција“, вели Боштјан Ноч, претседател на националното словенечко пчеларско друштво.

Овие простории би можеле да прераснат во туристичка атракција во Словенија, со што ќе се генерираат дополнителни приходи.

Апитерапијата, којашто вклучува третман со производи од пчели, може да биде корисна за третирање на различни здравствени проблеми, зголемување на имунитетот и ослободување од стрес.