Организацијата Public Health England организира кампања за намалување на количината на шеќер што се внесува преку храната, пишува Inhabitots.
Во рамки на кампањата е развиена бесплатната апликација Sugar Smart app, којашто може да го скенира бар кодот на над 75.000 производи и да открие колкаво е количеството на шеќер што го содржи производот.
Апликацијата, исто така, нуди и совети за намалување на внесувањето на шеќерите во секојдневната исхрана.
Голем е бројот на заболувања и кај најмладите што се предизвикани од преголемо внесување на шеќер преку храната.