Apple целосно премина кон 100% обновлива енергија за своите капацитети

102

Фото: Pixabay

Apple со официјално соопштение информираше дека глобалните капацитети на компанијата веќе се напојуваат со 100% обновлива енергија, како дел од посветеноста на компанијата за поздрава животна средина и истовремено борба против климатските промени.

Во овој систем се вклучени малопродажните продавници, канцеларии, центри за податоци на компанијата, како и колективни објекти ширум 43 земји, вклучувајќи ги САД, Обединетото Кралство, Кина и Индија. Компанијата, исто така, објави дека девет нејзини партнери се обврзале да ги напојуваат своите капацитети со 100% обновлива енергија.

Технолошкиот гигант во моментов има 25 оперативни проекти за обновлива енергија ширум целиот свет, со вкупно 626 мегавати производствен капацитет. Истовремено, компанијата има уште 15 проекти во градежништвото, коишто по реализацијата ќе произведуваат 1,4 гигавати чиста обновлива енергија што ќе може да се користи низ 11 земји.