Apple го надмина Google – корисниците во продавниците “оставија“ милијарди

83

Корисниците потрошиле 33,6 милијарди долари на Apple App Store и Google Play Store од јули до октомври, објави аналитичката компанија Sensor Tower.

Во третиот квартал од 2021 година, трошоците за апликација се зголемија за 15,1% на годишно ниво. И Apple App Store и Google Play Store забележаа голем раст.

Според истражувањата, корисниците потрошиле речиси двојно повеќе пари на Apple App Store отколку на Google Play Store.

Најмногу преземената апликација, која е бесплатна, сепак е TikTok. TikTok е на првото место на Apple App Store, додека е на третото место на Google Play Store, зад неспорните Facebook и Instagram.