
Американската технолошка компанија Apple претстави нови производи, вклучувајќи го и новиот модел iPhone 17 pro, чија почетна цена на американскиот пазар е 1.099 долари, што е за 100 долари повеќе од минатогодишниот iPhone 16 pro.
Новиот телефон е потенок и има 256 гигабајти (GB) простор за складирање, за разлика од 128 GB, што беше стандардно кај минатогодишните телефони, објавува CNBC.
Apple им наплаќа повеќе на корисниците за дополнителен простор за складирање на iPhone, а надградбата на 512GB простор за складирање на „iPhone 17“ чини 200 долари оваа година.
Фото: Yooutube Printscreen