Apple го претстави својот паметен часовник и најтенкиот MacBook

47

bc2d51d5-ca5c-400e-927a-16a3e3868d3e-1020x713Извршнот директор на Apple, Тим Кук, вчера во Сан Франциско го претстави првиот нов производ на компанијата по пет години – рачниот часовник, Apple Watch.

Цените за најскапиот паметен часовник во светот, односно за верзијата обложена со 18 каратно злато, ќе се движат од 10.000 до 17.000 долари, во зависност од големината, боите и опциите.

Основниот модел Sport ќе се продава по цена од 349 долари, додека цените за часовникот од нерѓосувачки челик ќе се движат од 549 до 1.049 долари, во зависност од големината и ременот на часовникот.

watch

Apple Watch ќе може да се нарачува од 10 април, а купувачите ќе имаат можност да го видат во живо на 24 април, кога официјално ќе биде изложен на продажните места.

“Паметниот часовник е дизајниран за да работи заедно со iPhone-от. Батеријата се очекува да трае 12 часа, а за неговата изработка се користеше посебен алуминиум. Легурата е 60% поцврста од досега користените, што не значи дека е потешка”, изјави Кук за време на презентацијата.

dcd3720b-9cd3-4e07-ab06-5c7302440c75-1020x663

Преку популарните апликации, со часовникот ќе може да се отвораат гаражни врати и врати од хотелски соби, да се резервира авионски билет, да се плаќаат разни сметки…

Покрај часовникот беше претставен и најтенкиот MacBook досега, кој тежи само 900 грама.

5ab65470-19a5-42ab-a8a3-19d1494341d0-1020x673

Тастатурата му се протега по целата ширина, а има и нов механизам на тастери нарачен пеперутка, кој нуди поголема стабилност и прецизност при пишувањето.

MacBook има само еден USB-C приклучок за струја, USB и останатите кабли. Доаѓа во сребрена, сива и златна боја.

082915bf-ce62-428b-9d2c-19c52d9a7336-1020x744

Најтенкиот и најтивкиот MacBook ќе биде достапен од 10 април. Цената за моделот од 8GB ќе изнесува 1.299 долари, а за оној од 512 GB, 1.599 долари.