Apple и Disney се приклучуваат на останатите со свои донации за Нотр Дам

25

Компаниите Disney и Apple се приклучуваат на иницијативата за донирање на пари за обновување на Нотр Дам во Париз.

Медиумскиот гигант ќе донира пет милиони долари, додека основачот на Apple, Тим Кук, не ја спомена сумата што технолошкиот гигант ќе ја одвои, пишува  CNN.

Некои од најбогатите француски фамилии покренаа кампања за групно финансирање на Богородичната црква, којашто изгори во пожар, каде што веќе се собрани 900 милиони долари.

Disney има посебна поврзаност со Нотр Дам. Компанијата во 1996 година го издаде долгометражниот цртан филм The Hunchback of Notre Dame, (Ѕвонарот од Нотр Дам).

Свои средства донираа и француската компанија за нафта и гас Total, 113 милиони долари, додека консултантската фирма Capgemini за оваа цел одвоие 1,1 милион долари.

Фото: Pixabay