Apple изгуби на суд – Гигантот треба да му плати отштета на клиент затоа што со новиот iPhone нема полнач

362

Apple мора да му плати нешто повеќе од илјада долари на клиент затоа што не испорачале полнач со новиот iPhone.

Судот во градот Гојанија во Бразил пресуди дека компанијата мора да биде одговорна за продажба на уреди без полначи. Судот заклучи дека практиката на компанијата, всушност, бара од клиентот да купи два посебни артикла за да може еден од нив да функционира правилно и тоа го нарече незаконска деловна практика.

Затоа, на Apple му е наложено да му плати на купувачот 5.000 бразилски реали (1.080 долари) и да му достави полнач. Има 10 дена да го стори тоа, во спротивно ќе мора да плати дополнителна казна.