
Акциите на Apple паднаа втор ден по ред по одлуката на владата во Кина да им забрани на државните службеници да користат iPhone.
Падот на берзата изнесува повеќе од шест отсто, односно речиси 200 милијарди долари во последните два дена.
Кина е трет по големина пазар на технолошкиот гигант, со 18 отсто од вкупните приходи минатата година.
Волстрит журнал во средата објави дека Пекинг им наредил на службениците да не носат iPhone телефони во канцеларија или да ги користат за работа.
Следниот ден, Bloomberg News објави дека забраната може да биде воведена и за работниците во државните компании и агенциите поддржани од владата.
Одлуките дојдоа во пресрет на претставувањето на iPhone 15, кое се очекува на 12 септември.
Apple има најголема пазарна вредност во светот, која е близу 2,8 трилиони долари.
Оваа година Вашингтон, заедно со своите сојузници Јапонија и Холандија, го ограничи пристапот на Кина до некои технологии за чипови.
Кина возврати со ограничување на извозот на два материјали клучни за производството на полупроводници.