Apple нарача десет милиони примероци на iPad Мини

24

Apple од OEM производителот нарача до крајот на годината десет милиони примероци на iPad мини, тврдат од The Wall Street Journal, што е во согласност со претходните гласини.

Презентација на уредот треба да биде 17 октомври, објави истиот извор кој се повикува на  тајванските добавувачи на компонентите.

Во врска со главниот конкурент, Амазоновиот – Kindle Fire, нарачките на Apple се двојно поголеми, имено Амазон од неговите добавувачи наводно побарал пет милиони таблети за до крајот на годината. И покрај силната конкуренција, во Apple се очигледно убедени дека побарувачката за помали iPad да биде силна. И аналитичари сметаат дека на пазарот ќе одговорат позитивно на овој уред ,а предвидувањата се врз основа на популарни 7-инчен Kindle Fire и Samsung Galaxy Notea  со екран дијагонала од 5,3 инчи. Apple iPad мини треба да има екран со дијагонала од 7,85 инчи и резолуција 1024 x 768 пиксели.

Според истражувањето на пазарот, уделот на Apple на светскиот пазар на  таблет  уреди во вториот квартал од годината е намален на 69% од 84% во 2010 година, кога оригиналниот таблет е претставен.