Apple повторно доби забрана од суд

18

Американскиот суд ја забрани продажбата на два моделa на паметни часовници на Apple во САД, изменувајќи ја пресудата во спорот за кршење на патентите на производителот на медицински уреди Masimo. Masimo го обвини технолошкиот гигант за одземање на клучните вработени и неовластена употреба на неговата технологија за мерење на нивото на кислород во крвта.

Во октомври, Комисијата за меѓународна трговија на САД откри дека Apple прекршил два патента на Masimo и забрани продажба и увоз на паметни часовници со апликации базирани на технологијата на Masimo.

На почетокот на декември, Apple „превентивно“ ги отстрани уредите од својата веб-страница и продавниците во САД и најави жалба против одлуката на регулаторот. Им беше дозволено да ги продаваат часовниците Series 9 и Ultra 2, додека случајот беше во тек, но апелациониот суд ја промени одлуката.

Apple побара забраната да се одложи додека царинските органи не утврдат дали патентите се прекршени и во изменетите верзии на часовниците, кои не ја користат технологијата на Masimo. Од 2020 година, апликацијата за која станува збор е вградена во повеќето часовници на Apple, вклучувајќи ги и Series 9 и Ultra 2, но не и моделот SE. Од ноќеска на полноќ веќе нема да може да се увезуваат часовници со вградената апликација.

Apple соопшти дека на пазарот ќе ги пласира само „дозволените“ часовници со цел да ги задржи на полиците, пренесе Би-Би-Си.

„Во очекување на исходот од жалбената постапка, Apple презема чекори за усогласување со пресудата, истовремено обезбедувајќи им на корисниците пристап до Apple Watch покрај ограничените препреки“, соопшти компанијата.