Apple сака да го преземе Tesla Motors?

21

tesla-and-appleЧовекот задолжен за потрага по нови аквизиции кои Apple би ги вклучил во своето работење, деновиве се состанал со Илон Маск, со идеја Apple да ја купи неговата компанија Tesla Motors и активно да се вклучи во производство на електрични автомобили, потврдиле извори од Apple за San Francisco Chronicle.

Веќе некое време се зборува дека Apple сака работењето да го прошири на нови подрачја, а особено интересно им изгледа производството на електрични автомобили под сопствен бренд.

Дел од аналитичарите сметаат дека е поголема веројатноста на состанокот да се дискутирало за интеграција на iOS системот во возилата на Tesla, но нејасно е зошто на таков состанок би бил испратен човек задолжен за аквизиции.

Од двете компании одбиваат да дадат било какви коментари во врска со текстот во SF Chronicle.