Apple со нова поевтина верзија на iPhone 5C

29

533d4e60cb52f2d5aabcefecbcf5d727

Apple го претстави новиот поевтин модел на iPhone 5C со 8 GB. Покрај послабата интерна меморија, сите останати карактеристики се идентични, пренесува Mashable.

Досегашните модели имаа 16 и 32 GB меморија, а останати разлики нема, бидејќи и новиот iPhone 5C има 4 инчен диспелеј, камера од 8 мегапиксели и процесор А6.

iPhone 5C се најде во понудата на британскиот оператор О2, а цената му е за 50 фунти пониска од верзијата со 16 GB, додека во Германија разликата во цените е 50 евра. Телефонот уште го нема кај другите мобилни оператори, ниту во продавниците на Apple.