„Арамко“ размислува за продажба на средства вредни над 10 милијарди долари за нови инвестиции

Саудиската нафтена компанија „Арамко“ размислува за продажба на своите средства за да собере повеќе од 10 милијарди долари за нови инвестиции.

Според анонимни добро информирани извори, „Арамко“ би можел да продаде удел во терминалите за извоз и складирање на нафта, како и делови од значајно портфолио на недвижнини, објавува „Блумберг“.

Интересот на инвеститорите за средствата на „Арамко“ е голем, особено во бизнисот со терминали, кој се смета за многу профитабилен.