Старт-ап од Полска, создаде пенкало што може да пишува во сите бои. Artera има вграден скенер во горниот дел, со којшто корисникот може да ја скенира било која обоена површина.
Интегриран микропроцесот утврдува каква комбинација од цијан, магента, жолта, црна и била нијанса се потребни за да се репродуцира бојата од скенираната површина. Во самото пенкало има специјални “касети“ со боите коишто се мешаат во соодветен сооднос за да се добие нијансата што треба.
Може да се одбере и боја од палетата што ја има во поврзаната мобилна апликација. Одбраната нијанса потоа се пренесува преку Bluetooth до пенкалото.
Омилените или оние бои што често се користат може да се зачуваат за идна употреба. Еден сет на касети со боја е доволен за пишување во должина од 200 метри. Со едно полнење, литиум јонската батерија од 400-mAh трае до шест часа.
Пенкалото има своја кампања на платформата Kickstarter, а доколку Artera стаса до производство првите испораки се очекуваат следниот октомври.
Фото: Kickstarter