Продажбата на вакцини на фармацевтската компанија, Astra Zeneca, е скоро двојно зголемена, а приходите достигнаа 894 милиони долари во второто тримесечје.
Фармацевтската компанија сега очекува вкупните приходи годинава да ѝ се зголемат од 20 до 25%, а добивката од 5,05 а 5,40 долари по акција. Во прогнозата не е вклучена продажба на вакцините.
Вкупните приходи на Astra Zeneca се зголемија за 25% на 8,22 милијарди долари во второто тримесечје од фискалната година.
Британско – шведската компанија го одложи барањето за одобрување на вакцините во САД за втората половина од годината.
Компанијата, којашто најави дека нема да заработува на вакцини во текот на пандемијата, ги обнови финансиските насоки, вклучувајќи го и неодамна склучениот договор за купување на компанијата за производство на ретки лекови, Alexion.
Фото: Facebook