AstraZeneca го пресели истражувањето во Ирска поради британската даночна политика

53

Британската деловна клима ги одвраќа фармацевтските компании да инвестираат во таа земја, изјави извршниот директор на AstraZeneca, Паскал Сориот, објаснувајќи ја одлуката на неговата компанија да пресели нов производствен капацитет во Ирска.

„Иако Британија веќе се смета за една од најдобрите локации за научно истражување, во други области како што се стимулации за производство и пристап до зелена енергија сè уште не е“, рече Сориот, според Ројтерс.

Тој додаде дека амбицијата на владата на ОК да стане „суперсила“ во научните истражувања е „попречена од обесхрабрувачкото даночно опкружување“.

AstraZeneca, британскиот производител на лекови, се обидува да ја надомести намалената продажба на своите лекови за Ковид-19 со лекови за рак, метаболички и ретки болести, а Сориот рече дека компанијата е на пат да испорача најмалку 15 нови лекови оваа деценија, според Ројтерс.

Тој посочи дека неодамнешната одлука на AstraZeneca да изгради производствен капацитет во Ирска наместо во О бединето Кралство е доказ дека Британија станува се помалку привлечна за производителите на лекови.

Сориот истакна дека клиничките испитувања во Британија се одложуваат бидејќи Националната здравствена служба е преоптоварена.