Asus дизајнираше лаптоп со смартфон наместо традиционалниот touchpad

71

Фото: You Tube

Американскиот компјутерски бренд Asus на Computex 2018 го претстави својот најнов модел на лаптоп, Asus ZenBook Pro. Иновативниот модел го привлече вниманието токму поради интегрираниот екран на допир со димензија на смартфон, на местото на вообичаениот touchpad што го имаат преносните компјутери.

Како што пишува The Verge ова е прв паметен touchpad кај Asus и може да послужи како мултифункционален дисплеј на допир, односно буквално како паметен телефон кој е интегриран со вашиот Windows PC.

Екранот е со големина од 5.5 инчи и резолуција од 1920 x 1080, па така дизајнираниот ScreenPad може да се претвори во стартувач на апликации, калкулатор, календар или нумеричка тастатура. Исто така, може да ги репродуцира видеата на YouTube преку апликацијата на Chrome или едноставно да го прошири главниот екран на ZenBook Pro.

За овој дизајн, Asus работеше со Microsoft за да развие Office интеграции за ScreenPad, така што на малиот екран добивате пристап до кратенки за Word, Excel и PowerPoint и прилагодувања за нив. Овој паметен дисплеј може да го контролира уредувањето на музика и видеа, а исто така ја поддржува и Spotify контролата. Производителот на ZenBook Pro ќе издаде комплет водич за програми кои може да се инсталираат на ScreenPad, а ќе одржува и веб-страница на која се наведени сите компатибилни апликации, од кои повеќето ќе бидат пронајдени во Windows Store.

ZenBook Pro 15  на Asus ќе биде во продажба од средината на јули по почетна цена од 2.299 долари. Неговиот 14-инчен “колега” ќе следи во четвртиот квартал од годината, нудејќи издржливост на батеријата до 13 часа. И двајцата ќе дојдат во омилената нијанса на Asus, т.н. Deep Dive.

Како реално изгледа овој новитет од Asus, може да проверите во видеото на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=xUYClPbddeU