Audi ќе произведува автомобили што ќе “комуницираат” со семафори

43

danger_2006632bГерманскиот производител на автомобили Audi планира да произведе автомобили што ќе им “кажуваат” на возачите кога семафорите треба да покажат зелено светло и ќе ги предупредува кога немаат доволно време да го поминат семафорот пред истиот да се затвори.

Според компанијата, новата технологија ќе има за цел да го намали стресот кај возачите, пишува BBC. Наречена V-to-I, истата е веќе воведена во некои A4 модели напревени по први јуни и ќе биде имплементирана во одредени Q7 модели следната година.

Системот на Audi ќе обезбеди уред што одбројува колку време има возачот пред семафорот да покаже зелено, со што ќе се намали напнатоста предизвикана од чекањето. Слично на тоа, возачите ќе можат да видат и колку време имаат пред семафорот да покаже црвено светло.

Компанијата планира ова за прв пат да биде тестирано во пет или седум градови во САД во различни периоди годинава, но нема да прецизираат кој град ќе биде прв каде што ќе се испроба технологијата во автомобилите.