Audi: Намален профит и покрај подобрата продажба

138

Приходите на германскиот производител на автомобили Audi во првата половина од годинава на годишно ниво се зголемени за 14,4 отсто, на 34,2 милијарди евра, но нето добивката сепак е намалена за 25 отсто, на 3,3 милијарди евра.

Како што објаснија денеска од компанијата, нивната стратегија за набавка на суровини се покажала полоша од очекуваното.

Во првата половина од годината продажбата во Европа се зголемила за 24 отсто на годишно ниво, а во САД за 30 отсто. Во Кина, каде економското закрепнување од пандемијата „Ковид-19“ е побавно од очекуваното според аналитичарите, растот беше два отсто.

Според Јирген Ритерсбергер, финансискиот директор на компанијата која е под покровителство на VW, а ги поседува и брендовите Bentley и Lamborghini, тие се задоволни од бизнисот со оглед на тешките деловни услови.