
„Ауди“вчера ја затвори својата фабрика во Брисел, а сите 3.000 работници ќе бидат отпуштени, објави Euronews.
Фабриката на Audi ќе се пресели во Кина и Мексико, поради пониските трошоци за производство, како што беше најавено на почетокот на минатата година.
До средината на 2024 година, производството во белгиската фабрика веќе беше намалено, а беа укинати меѓу 1.500 и 2.000 работни места.
До крајот на октомври не се појави инвеститор или купувач за фабриката во Брисел, што доведе до одлука за затворање на фабриката во февруари.
Фабриката во бриселската населба Форест склопува автомобили Ауди од 2006 година, кога тогашната фабрика на Фолксваген беше спасена од работ на затворање, пренесува Танјуг.