Хрватската дизајнерка Наташа Његовановиќ создаде линија на мебел под името Avlia, којшто кај децата ќе поттикне природна и креативна реакција, пишува Градња.рс.
Секое парче мебел од оваа линија го имитира изгледот на некое домашно животно. Освен основната функција, секое парче мебел е и играчка за деца. При изработката, како што се наведува, се користени природни материјали.
Масичките се во форма на крава, столчињата потсетуваат на куче, кутијата за играчки личи на прасе, а приборот за моливи и боици е изработен во форма на кокошка.