Австралиски Qantas Airways во загуба 1,4 милијарди долари

56

Австралиската авиокомпанија Qantas Airways предупреди дека затворањето на сојузните граници сериозно го попречува опоравувањето на домашниот воздухопловен пазар, што, заедно со намалувањето на меѓународните летови, ќе резултира со значителна загуба во тековната финансиска година.

Австралиската авиокомпанија објави денеска дека во фискалната година, која заврши на 30 јуни, забележала нето загуба од 1,96 милијарди австралиски долари (1,41 милијарди американски долари).

Ова е една од најголемите загуби што некогаш ја имала компанијата, предизвикана од падот на вредноста на инвестициите на Qantas Airways во акции и други средства, како и трошоците за реструктуирање со цел полесно да се надмине кризата со коронавирус.

Извршниот директор Алан Џој рече дека условите на пазарот се најлоши во 100-годишната историја на Qantas Airways и дека е потребна национална временска рамка за тоа кога сојузните држави ќе можат да отворат граници за да ги зајакнат домашните летови.

Фото: Freepik