Австрија го презема складиштето за гас на Газпром

81

Бидејќи Газпром не го полни едно од најголемите складишта за гас во Австрија, со стапувањето во сила на новиот закон за енергетска безбедност, австриските власти од 1 јули ќе го преземат складиштето во Хајдах.

Австрија годишно троши од 90 до 100 терават часови гас, а лани потрошувачката била 96,3 терават часови.

Австриската влада уште во средината на мај испрати барање до Газпром да го наполни магацинот во Хајдах, со најава дека доколку не го стори тоа, државата ќе го преземе истото.