Австрија се противи на ограничување на цената на рускиот гас

71

Австрија во моментов не може да гласа за предлогот на Европската комисија за воведување рестрикции на цената на рускиот гас.

Ова го соопшти Министерството за енергетика на Австрија по повод состанокот на министрите за енергетика на ЕУ.

Министерството соопшти дека се работи пред се за санкции, а не за енергетско политичко прашање.

– Колку и да е болно, сепак сме зависни од рускиот гас – нагласува Виена.