Автомобилите ќе поскапат за дополнителни три до пет илјади евра

81

На среден рок, групацијата VW повеќе не ги гледа автомобилите со мотори со внатрешно согорување како остварлива алтернатива на електричните автомобили. Новиот шеф на марката Volkswagen, Томас Шефер, очекува значително зголемување на цените на возилата како резултат на планираниот стандард на ЕУ за емисии Еуро 7, објави „Велт ам Зонтаг“.

Возилата со бензински и дизел мотори би биле поскапи од 3.000 до 5.000 евра поради покомплексниот издувен систем, рече Шефер, додавајќи: „Кај помалите автомобили овие дополнителни трошоци тешко можат да се апсорбираат“.

Почетното Volkswagen Polo, кое би чинело 22 или 23 илјади евра во 2025 година (кога се планира воведување на Еуро 7 стандардите), едноставно не е одржливо и нема никаква смисла, според „ХАК Ревија“.

Шефер истакна дека до 2025 година, групацијата VW сака да лансира четири електрични модели на мали автомобили на пазарот. Покрај ID.2, ќе има уште еден модел од VW и по еден од Škoda и Cupra.

VW сепак сака да го понуди ID.2 за помалку од 25.000 евра.