Автономни подводни возила ќе го истражуваат хрватскиот подводен свет

43

more

Фото: Pexels

Автономни подводни возила ќе го истражуваат хрватскиот подводен свет. Проектот ARCHEOSUb (Autonomous underwater Robotic and sensing systems for Cultural Heritage) што го финансира Европската унија се занимава со примена на роботи и интернет во истражување на археолошки богатства во морињата, пишува Bug.

Во истражувањето ќе се користат автономни подводни возила со прецизен систем за локализација и ќе истражуваат интересни подморски локалитети.

ARCHEOSUb претставува револуција во геодетската заштита, зачувување, заштита и валоризација на новите и постоечките подводни културно – историски наследства.