Азиските производители на автомобили се „натпреваруваат“ во давањето попусти

57

Кинеско-германскиот производител на автомобили SAIC Volkswagen (SAIC-VW) нуди 3,7 милијарди јуани (околу 537 милиони долари)  за да го субвенционира купувањето на своите модели во Кина. Една од причините за овие стимулации е падот на продажбата на автомобили на локалниот пазар од 20 отсто од почетокот на оваа година.

Компанијата на тој начин се приклучи на групата од 40 марки кои даваат попусти пред промената на правилата за намалување на штетните гасови на најголемиот светски автомобилски пазар, кој се наоѓа на тој континент, пренесе Ројтерс.

Се нудат субвенции од 15.000 јуани (2.181 долари) до 50.000 јуани (7.268 долари) до 30 април за моделите Teramont, Lavida и Phideon, објави SAIC-VW на својата сметка WeChat.

Субвенции од 15 до 31 март понуди и Guangzhou Automobile Group, кинескиот партнер на Honda Motor и Toyota Motor.

Продажбата на автомобили и возила во Кина падна за 20 отсто во периодот јануари-февруари, иако некои производители понудија намалени цени за да ја стимулираат побарувачката.

Продажбата на нови возила, кои вклучуваат целосно електрични и хибридни возила, порасна побрзо од вкупниот пазар, сочинувајки повеќе од 30 отсто од продажбата во февруари.

Плановите на кинеската влада да воведе построги стандарди за емисиите на автомобилите стапуваат на сила на 1 јули.

Тоа врши дополнителен притисок врз производителите на автомобили и дилерите да го исчистат својот попис на возила што не ги исполнуваат тие стандарди, велат аналитичарите на Fitch Ratings.

Фото: Pixabay