
„Беркшир Хатавеј“, инвестициската компанија на легендарниот инвеститор Ворен Бафет, купи значаен удел во два од најголемите американски градежни гиганти – „Ленар“ и „ДР Хортон“ – што многумина го гледаат како знак на доверба во нестабилниот пазар на станбени недвижности.
Вредноста на новата инвестиција е над 991 милион евра: уделот во Lennar вреди 800 милиони, додека компанијата на Бафет инвестираше 191,5 милиони во DR Horton.
По објавата, акциите на двата градежни компании скокнаа – Lennar порасна за повеќе од 7% од почетокот на годината, а DR Horton за 22%.
„Ова е силен сигнал за доверба во изградбата на нови домови во САД, каде што има недостиг од речиси четири милиони домови. Инвестицијата покажува дека пазарот на недвижности повторно ќе се зајакне и ќе овозможи изградбата на прифатливи домови за Американците да продолжи“, рече економистот на Realtor.com, Џоел Бернер.
Иако градежниците пријавија пад на расположението во август, со огромни попусти и рабати за привлекување купувачи, Berkshire Hathaway јасно става до знаење дека верува во долгорочните фундаменти на американскиот пазар.
Со проблеми како што се високите каматни стапки и ниската достапност, експертите веруваат дека оваа инвестиција всушност е облог за идното закрепнување и враќање на побарувачката.
Покрај инвестициите во градежништвото, компанијата на Бафет откри и нови големи инвестиции – 957 милиони евра во производителот на челик Nucor и 1,6 милијарди во осигурителниот гигант UnitedHealth.
Berkshire Hathaway е веќе присутна во градежната индустрија преку компанијата Clayton Homes, која ја купи во 2003 година за 1,7 милијарди евра, а која денес се смета за еден од најголемите американски градители на модуларни и монтажни куќи.
Оваа нова инвестиција покажува дека Бафет, и покрај краткорочните предизвици, го гледа американскиот пазар на домување како долгорочна здрава и профитабилна можност.