Бафет за вештачката интелигенција: Го пуштивме џинот од шишето и можеби ќе зажалиме еден ден

Измамите отсекогаш биле дел од американската сцена, а сликите и видеата создадени со помош на вештачка интелигенција станаа толку убедливи што станува практично невозможно да се препознае дали се вистински или не, рече Ворен Бафет, познатиот инвеститор и извршен директор на Беркшир Хатавеј, запрашан за мислење за вештачката интелигенција.

„Да бев заинтересиран за измама, ова ќе беше вистинска можност бидејќи ова ќе биде индустрија со раст на сите времиња“, рече тој.

Ворен Бафет, исто така, го спореди појавувањето на вештачката интелигенција со создавањето на атомската бомба, повторувајќи ги коментарите што ги даде на минатогодишниот состанок на Беркшир Хатавеј.

-Го пуштивме џинот од шишето кога развивме нуклеарно оружје. Тој дух во последно време прави некои страшни работи. Силата на духот многу ме плаши. ВИ е нешто слично. „Можеби посакуваме никогаш да не го видевме овој дух“, рече Бафет.