Банка на Словенија ги намали прогнозите за раст на словенечката економија

21

banka_slovenijeБанка на Словенија ги намали прогнозите за раст на економијата, најавувајќи подлабока и подолга рецесија од очекуваната и не ја отфрли можноста Словенија да побара меѓународна финансиска помош.

Според новите прогнози на банката, бруто домашниот производ (БДП) ќе потоне за 2,6%, во споредба со претходната прогноза за успорување од 1,9%, додека следната година ќе потоне за 0,7%, наместо претходно прогнозираниот раст од 0,5%.

Очекувањата се словенечката економија да оствари раст од 1,4% дури во 2015 година.

Гувернерот на централната банка, Боштјан Јазбец, не ја отфрли можноста Словенија да стане шеста земја од еврозоната која ќе побара помош.

“Во овој момент разгледуваме различни сценарија. Се уште се е отворено. Клучната работа е во тоа што ќе се случи со економијата. Никој не сака Словенија да бара помош”, вели Јазбец, пренесуваат агенциите.