
Минатиот април американската банка Ситибанк по грешка депонираше 81 милијарда долари на сметка на клиент наместо 280 долари, но трансакцијата беше поништена неколку часа подоцна.
Овој голем трансфер на пари го пропуштиле двајца вработени, а третиот го открил 90 минути откако бил објавен.
Парите никогаш не ја напуштиле банката, а случајот бил пријавен како „речиси катастрофална ситуација“ до федералните власти, се вели во извештајот, објави Блумберг, повикувајќи се на „Фајненшл тајмс“.
„И покрај фактот што всушност не можеше да се изврши исплата од оваа големина, нашите контроли брзо идентификуваа грешка во внесувањето помеѓу двете сметки и го сменивме уписот“, рече портпаролот на Ситигруп.
Инцидентот немаше влијание врз банката или нејзиниот клиент, додаде портпаролот.
Вкупно 10 такви ситуации од 1 милијарда долари или повеќе се случиле во банката минатата година, додава ФТ, цитирајќи интерен извештај.
Фото: Freepik











