Банката БРИКС најави заеми од пет милијарди долари во 2024 година

43

Развојната банка на групата БРИКС на економии во развој има намера да одобри заеми во вкупна вредност од околу пет милијарди долари оваа година, изјави во вторникот нејзиниот потпретседател Џоу Чиангву.
„Епидемијата до одреден степен влијаеше на нашиот бизнис, но сега се врати во нормала“, изјави Џоу за Ројтерс на маргините на годишната конференција во Боао.

Тој не прецизираше со какви потешкотии се соочува банката за време на пандемијата, велејќи само дека малку повеќе инвестиции биле насочени кон Кина и Индија отколку кон другите членки на БРИКС.

Во 2020 година, според податоците на официјалната веб-страница, банката издвои 20 милијарди долари за мерки за поддршка на економиите-членки за време на пандемијата.

Групата БРИКС е формирана во 2013 година од Кина, Русија, Индија, Јужноафриканската Република и Бразил, а оваа година им се приклучија Иран, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Етиопија и Египет.

Новата развојна банка БРИКС е основана во 2015 година. Нејзиното седиште е во Шангај, а неговата задача е да финансира инфраструктурни и развојни проекти.