Банката на Англија ја намали каматната стапка со тесно мнозинство

Банката на Англија (БоЕ) денес тесно ја намали својата референтна каматна стапка за 25 базични поени на 3,75 проценти, бидејќи пет члена на Комитетот за монетарна политика (МПЦ) го поддржаа намалувањето, додека четворица гласаа за останување на каматните стапки непроменети.

Каматните стапки сега се на најниско ниво за речиси три години, а креаторите на монетарната политика се надеваат дека ова ќе ја стимулира економијата.

Во образложението за одлуката се наведува дека годишната инфлација во Велика Британија паднала на 3,2 проценти во ноември, што е најниско ниво за осум месеци, додека растот на платите во приватниот сектор се забавува.