Банки и милијардери купуваат водни ресурси ширум светот

43

voda svet

Банките од Wall Street и мултимилијардери купуваат вода и постројки за преработка на оваа скапоцена течност ширум светот, со што стануваат таканаречени “водени барони“.

Контрола над водата ја консолидираат и познатите мега банки како што се Goldman Sachs, JP Morgan, Citigroup, UBS, Deutsche bank, Credit Suisse, Macquaire Bank, Barclays Bank, Blackstone Group, Allianz и HSBC.

Богатите тајкуни, како што се Бони Пикенс, поврзан со семејството на поранешниот американски претседател Џорџ Буш, Ли Кашинг од Хонг Конг, Мануел Пангилинан од Филипините и други ширум светот откупуваат повеќе илјади хектари земјиште на кое има водни површини, постројки, како и акции во технолошки компании за преработка на вода.

Експертите предупредуваат дека приватизацијата на водата и инфраструктурата не запира, бидејќи бројни локални и државни власти се соочуваат со пад на приходите и ограничување на буџетот, па не можат да сносат одговорност за одржување и унапредување на сопствените постројки.

“Во изминатите неколку години се зголемија средствата за приватизација на водоводот, општинските служби и комунални претпријатија низ целиот свет и невозможно е да се спречи такво нешто“, предупредува независниот истражувач Шинг Јанг за интернет страницата Global Research.