Бараат 5.400 евра на 50 рати за да одат на море: Жителите сè повеќе се задолжуваат за годишен одмор

Повеќето од барателите на кредит се млади, во просек на 38 години, а има и помлади од 30

Во првите шест месеци од 2024 година, Италијанците побарале вкупно 250 милиони евра заеми за покривање на трошоците за одмор, се вели во анализата објавена денеска од онлајн платформата за кредитирање „Фасил“  врз основа на примерок од повеќе од 150.000 апликации.

Според анкетата, апликантите барале во просек по 5.425 евра на околу 50 рати или да имаат рок на отплата поголем од четири години, пренесува Анса.

Повеќето од барателите на кредит се млади, во просек на 38 години, а има и помлади од 30.

Сепак, околу 6,5 милиони Италијанци нема да одат на одмор оваа година, вклучително и 3,7 милиони кои рекоа дека не можат да си дозволат одмор, покажа истражувањето.