Барајќи ја мотивацијата

33

motivacija-pixabay

Фото: Pixabay

Понекогаш сè оди како подмачкано, но има и такви моменти кога немате мотивација ама баш за ништо. Затоа кога страста кон работата ќе почне полека да ве напушта, сетете се колку многу вложивте и сакавте вашата идеја да успее. Таму некаде ќе ја најдете и мотивацијата која никогаш не е изгубена.

Сакајте го она што го работите. Токму таа страст ќе ве носи низ добрите и лошите моменти во бизнисот.

Ако не превземете иницијатива, ако не дејствувате, некој друг ќе го направи тоа пред вас. Чувајте секогаш бележник на дофат каде ќе можете да ги запишете идеите кои ненадејно можат да се појават во доцните ноќни или раните утрински часови. Така ќе можете истите, со одморена глава, следниот ден да ги спроведете.

Водете се од овие две максими “Денес е денот” и “Ако оваа идеја не успее, имам уште неколку замисли кои можат”.

Секој нов ден носи нова можност за да ги направите нештата како што треба. Тоа значи ако денес не ги постигнете вашите цели и задачи, секогаш постои утре.

Барајте нови можности. Како претприемач, оној ден кога ќе се почувствувате задоволни од постигнатото, тоа е денот да продолжите кон нови успеси со уште поголема мотивација.

Освојувате ги малите битки. Прославете и наградете се за секоја мала победа. Тоа ќе ве направи среќни и ќе ја загрее мотивацијата.

Поминувајте повеќе време со луѓе кои секогаш се стремат кон успех, со луѓе кои позитивно и охрабрувачки ќе делуваат на вас за да и вие се стремите кон повисоки цели во животот.

Чувајте на вашиот десктоп мало фолдерче кое ќе содржи листа со инспиративни мисли и поговорки, повремено читајте ги, особено кога ќе “згусти”.

Секој ден правете нешто што ве возбудува – често сме заглавени во рутина и работни задачи што забораваме на она што не поттикнало да започнеме со бизнисот на почетокот. Затоа прочепкајте во купчето работи кои ве прават среќни и одберете по една за секој напорен работен ден.