Барајќи работа пронашла идеја за сопствен бизнис

56
Идеите за креирање сопствен бизнис понекогаш доаѓаат на неконвенционални начини, од неочекувани луѓе и на најразлични места.

Андријана Мајсторовиќ ја имала својата магистерска диплома по Политикологија кога тргнала во потрага по соодветно вработување. Пребарувајќи ги огласите за работа, сосема случајно открила еден семинар на тема „Мојот прв милион“, на кој меѓу останатото, се зборувало и за креативните идеи за основање бизнис. Имајќи ја во предвид предходната пасија на Андријана кон пишувањето, наеднаш „светнала сијаличката“.

„Се започна со еден роман, а продолжи со римувани приказни, песни и бајки“, вели Андријана.

„Во тој период сосема случајно, што се вели, од чиста љубопитност, залутав на еден семинар „Мојот прв милион“, на кој слушнав за неконвенционалните и креативни идеи за бизнис, па оттаму ми дојде идејата и за пишување на персонализирана книга. Бидејќи на некој начин јас и предходно се бавев со пишување како еден вид хоби, размислував како би било забавно и охрабрувачки кога би се пишувале приказни за секое дете поединечно. Набрзо се досетив дека и родителите сакаат на своите деца да им читаат приказни во кои самите деца се главните јунаци, а децата ги обожаваат ваквите бајки. Сето тоа едноставно ме охрабри и така ја креирав компанијата која го носи името Фабрика за соништа.

Денес, издавачката куќа која е специјализирана за детска литература ја издаде својата прва книга „Планетата на џуџињата“, но работата не застанува тука, бидејќи во план е издавањето и на втората книга наменета за најмладата читателска публика.

Андријана вели дека повеќето информации за основањето сопствен бизнис ги нашла на Интернет, напоменувајќи дека поголема потешкотија и задале техничките предизвици повразни со издавањето на сопствената книга, отколку основањето на сопствена компанија.

Според краткорочните планови на Фабриката за соништа, приоритет е изработката на втората книга бидејќи доста често родителите кои имаат по две деца бараат да купат комплет од две книги, по едно за секое братче или сестричка, па бараат и повеќе наслови. Исто така, имаат доста барања за наслови наменети за близнаци, па паралелно на ова, забрзано се работи и на издавање на книга во која двата главни лика – близнаци истовремено ќе го креираат дејствието на бајките.
На крајот, се чини дека Фабриката за соништа на Андријана и го исполни посакуваниот сон, и сега граби понатаму да им ги исполни соништата на сите прекрасни дечиња кои заспиваат со нејзините бајки.