Барбика со лик на научничката која ја осмисли вакцината на AstraZeneca

106

Најнов модел на барбика ќе биде изработен по професорката Сара Гилберт, која стои зад развој на вакцината против коронавирусот на AstraZeneca.

Со години работела како професорка на Оксфорд, но и на создавање на различни вакцини за сезонски грип, а едно од нејзините значајни дела е универзална вакцина за ова заболување. За разлика од обичните вакцини, таа не стимулира производство на антитела, туку го поттикнува имунолошкиот систем да создава ќелии коишто ќе се борат против основата на вирусот и може да бидат успешни и против мутации.

Сара Гилберт стана еден вид на национална хероина, а Британците на различни начини се обидуваат да ѝ оддадат признание. Самата никогаш не очекувала дека еден ден барбика со нејзиниот лик ќе ги краси излозите на продавниците за играчки, но тоа ќе значи и дека тоа ќе ги инспирира девојчињата да се занимаваат со наука.

Фото: Pixabay