Фото: YouTube
Научниците Алиреза Рамезани и Сет Хутичинсон од Универзитетот Illinois Urbana – Champaign заедно со Суон Џо Чунг од Технолошкиот универзитет во Калифорнија ја проучуваа анатомијата на лилјаците и како летаат за да го создадат роботот Bat Bot (B2), пишува Wingsjournal.
Лилјаците имаат најсофистицирани крилја во животинскиот свет. Тие имаат околу 40 зглобови кои обезбедуваат мускулно – скелетен систем којшто може да ја промени формата и им овозможува брзо менување на правецот во лет.
Акробатските способности на лилјаците биле инспирација за научниците да создадат нов вид на робот којшто може да лета.
Bat Bot има тенки и еластични крилја коишто се изработени од 3D пластика и прекриени се тенка и трајна кожа од силикон. Роботот тежи 93 грама и има распон на крилјата од 47 сантиметри. Научниците сметаат дека е побезбеден за употреба за разлика од комерцијалните дронови поради мекоста на крилјата и малата тежина.