BBC и Discovery потпишаа договор за соработка вреден 350 милиони евра

28

Фото: Facebook

Британската медиумска куќа, BBC потпиша договор со каналот Discovery за продажба на програмски содржини во вредност од над 350 милиони евра.

Според генералниот директор на BBC, Тони Хол, ова е “договор со најголема содржина што некога е потпишан, а ќе трае 10 години“.

Емисиите на Discovery ќе бидат емитувани на новата платформа на BBC што ќе биде достапна насекаде, освен во Велика Британија, Ирска и Кина. Оваа платформа ќе почне со работа на крајот на оваа година.

Исто така, BBC и Discovery заедно ќе работат на снимање нови емисии, коишто BBC ќе ги емитува во Велика Британија.