BBC инвестира 44 милиони долари во програмска содржина за деца

19

tv

Фото: Pixabay

Британската телевизиска мрежа BBC соопшти дека во наредните три години планира да инвестира 44 милиони долари во креирање на содржини за деца, со цел да ги оттргне од Netflix, YouTube и Amazon.

BBC има намера да креира онлајн содржини за деца како видеоклипови, квизови, игри, апликации. Содржините ќе бидат надградени и обновени од нивната архива или преземени од други квалитетни образовни и културни тела.

Новата детска програма ќе се емитува на каналите BBC Bitesize за едукација на деца постари од шест години и CBeebies за деца помали од шест години.

BBC инвестира во овој нов проект откако од нивниот годишен извештај заклучиле дека YouTube станал најомилениот бренд на 70% од децата на возраст помеѓу шест и 12 години, пишува The Verge.