
Бруто-домашниот производ порасна за 3.8 % во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година, објави Државниот завод за статистика.
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје од 2025 година е 3.8 %.
Во третото тримесечје од 2025, поголем пораст е забележан во секторите Ѓ -Градежништво од 21.0 % и Ѕ – Информации и комуникации од 7.4 %.
Во третото тримесечје, бруто инвестициите во основни средства претставуваат главен двигател на порастот на бруто-домашниот производ. Во структурата на БДП, учеството на бруто инвестициите се зголемува од 26.1 % во третото тримесечје од 2024 година на 31.1 % во третото тримесечје од 2025 година.
Финалната потрошувачка во третото тримесечје од 2025 година номинално расте за 7.7 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 80.2 %.
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година е 3.6 %.
Во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година:
- Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) е 3.8 %
- Стапката на на раст на бруто-домашниот производ (БДП) според сезонски и календарски прилагодените податоци е 3.6%Фото: ChatGPT










